Страница на Rockwool Group
ROCKWOOL Group е светски лидер во решенија базирани на камена волна. Камената волна е разновиден материјал кој се потпира на еден од природните ресурси - вулканската карпа. Нашиот асортиман на производи задоволува различни потреби ширум светот додека го намалува јаглеродниот отпечаток на сите оние кои ги користат нашите производи или соработуваат со нас.
Посветени сме на подобрување на животите на секој што доаѓа во контакт со нашите производи. Од потрошувачка на енергија до акустично загадување, од оскудни извори на вода до поплави, нашата цел е да создадеме вредност за нашите клиенти и да им помогнеме да се справат со многу од предизвиците поврзани со модерниот живот.
Производите на ROCKWOOL се истакнуваат со уникатна комбинација на исклучителни карактеристики поврзани со заштита од пожар, акустична и топлинска изолација, како и добро познати својства на издржливост.