Зошто е важна флексибилноста на дизајнот?
Камената волна доаѓа во многу форми, што е една од причините зошто можете да ги најдете нашите производи од камена волна во различни примени во станбени и деловни згради или индустрија.
На пример, нашата изолација од камена волна може да биде мека како перница или тврда како карпа. Достапна е во ролни, плочи и рефус. Лесно се сече и обликува според потребите, овозможувајќи им на архитектите и изведувачите да го приспособат производот на специфичните барања на зградата, без оглед на сложеноста на дизајнот. И тоа не е се. Флексибилноста на дизајнот кој го дава камената волна се однесува и на нашата широка палета на прекрасни фасадни панели, акустични панели за плафони и ѕидови и многу повеќе.
Што и да бара дизајнот, веројатно постои производ ROCKWOOL кој одлично се вклопува.