Зошто е важна акустиката?
Акустиката игра темелна улога во проектирањето, функцијата и целокупното искуство на внатрешните простори, како и за здравјето и благосостојбата на луѓето кои живеат во нив.
Добрата акустика го минимизира несаканиот звук (бучава) истовремено го оптимизира аудитивното искуство на просторот за неговата намена.
Влакнестата структура на камената волна создава воздушни џебови внатре во материјалот што ги заробува и апсорбира звучните бранови, намалувајќи ги нивоата на бучава во просториите со акустични плафонски панели и ѕидни облоги, а исто така го блокира звукот што патува помеѓу изолираните ѕидови.
Без разлика дали станува збор за училница во која децата треба да се концентрираат, здравствена установа каде побрзото закрепнување на пациентите зависи од мирна и тивка средина, или театар каде што јасноста и богатството на звукот се клучни за искуството. Ние сакаме нашите простори да изгледаат добро. Камената волна им помага и да звучат добро.