Во ROCKWOOL ги користиме својствата на каменот за да создадеме широк спектар на производи од камена волна кои можат да го подобрат вашиот квалитет на живот и да ви помогнат да бидете безбедни, здрави и многу повеќе.
Продолжете да читате за да дознаете повеќе за многуте предности на нашите производи од камена волна и како тие можат да го збогатат современиот живот.
Ако размислиме за тоа што го цениме во животот, „изградена средина“ веројатно не е првото нешто што ни паѓа на ум.
Сепак, нашите домови, училишта, здравствени установи, канцеларии и други згради имаат големо значење и влијание врз нашиот секојдневен живот.
Зградите се исто така меѓу изворите на некои од најсериозните предизвици во светот, вклучувајќи ги климатските промени, енергетската безбедност, потрошувачката на суровини и создавањето отпад, загадувањето на животната средина и негативните влијанија врз здравјето.
Ние веруваме дека помошта во решавањето на овие предизвици со користење на подобри градежни материјали и производи и попаметни градежни практики, е можност и одговорност за нашата компанија и градежната индустрија.
Што, според наше мислење, ја прави камената волна достоен избор? Дозволете ни да ви покажеме.
ROCKWOOL Grupa е светски лидер во производите од камена волна кои вклучуваат градежна изолација, индустриска и техничка изолација за процесната индустрија, морепловство и офшор; прилагодени производи за индустриска примена; ѕидни и фасадни системи; акустични плафони и ѕидови; монтажни згради; хортикултурни средства за одгледување; проектирани производи од влакна; контрола на бучавата и вибрации. Нашата палета на производи е дизајнирана да одговори на многу од најголемите денешни предизвици за одржливост и развој. Од потрошувачката на енергија до загадувањето со бучава, од недостаток на вода до урбани поплави, нашите производи им помагаат на нашите корисници да се соочат со многу важни прашања поврзани со модерниот живот.