Плочите Hardrock Energy PLUS се препорачуваат за изведба на рамни, проодни и непроодни покриви на бетонска конструкција или челични високопрофилирани лимови. Поради двослојната структура и димензионална стабилност, овие плочи можат да се поставуваат во еден слој без појава на топлински мостови.
Еластичната поддршка за механичко прицврстување претставува најголемата предност за примена со PVC или TPO покривни мембрани.
СВОЈСТВА
- негорив материјал - реакции на пожар А1
- двослојни плочи – горниот слој со голема густина овозможува голема отпорност на точкасто оптоварување
- одлични топлинско изолациски својства – ниска вредност на топлинска спроводливост (λ) дополнително подобрена со долниот слој со помала густина
- звучно изолациски својства
- Паропропустливост
- Водоодбивност
- димензионална стабилност
- хемиска неутралност