Изолациските плочи со двослојна густина овозможуваат поедноставно поставување на изолацискиот слој во системот на вентилирани фасади и во исто време обезбедуваат исклучителна отпорност.
Внатрешниот слој со помала густина (40 kg/m3) овозможува прилагодување на плочите на неправилности на подлогата на надворешниот ѕид. Надворешниот погуст слој (115 kg/m3) овозможува добро механичко прицврстување на системот и одлична отпорност на плочите на атмосферски влијанија, зголемувајќи ја нивната трајност.
СВОЈСТВА
- негорив материјал - реакции на пожар А1
- одлични топлинско изолациски својства - ниска вредност на топлинска спроводливост (λ)
- долготрајност - надворешниот слој со голема густина обезбедува дополнителна отпорност на временските влијанија (дожд, ветер) и протокот на воздух
- Паропропустливост
- Водоодбивност
- димензионална стабилност
- хемиска неутралност