Нашите решенија спречуваат значителни загуби на топлина во станбени и деловни згради во ладни климатски услови, но исто така го задржуваат студениот воздух за време на високите летни температури. Зголемувањето на енергетската ефикасност на зградата влијае на намалување на сметките и оперативните трошоци.

Нудиме палета на изолациони производи за употреба на рамни или коси покриви. Производите на ROCKWOOL се изработени од камена волна, што ја обезбедува безбедноста и удобноста на вашиот ентериер.

Покрај одличните термички и звучни перформанси и отпорност на оган, производите ROCKWOOL овозможуваат поголема слобода во дизајнот на вашиот простор.

 

Филтер на производи за изолација на покривот

Изберете го соодветниот производ за вашиот проект

Пресметка и заштеди

Секој дом и комерцијален објект е различен, така што не постои едно универзално решение за сите рамни или коси покриви со различни димензии, како и за сите буџети и сметки.

Греењето и ладењето на зградите сочинуваат 35-60% од вкупната побарувачка на енергија ширум светот. Правилната изолација на куќите и зградите доведува до намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и заштеди кои се многу повисоки од трошоците за изолација на самиот покрив.

Изолацијата на покривот е повеќе од исплатлива инвестиција бидејќи овозможува финансиска заштеда, намалување на потрошувачката на енергија и намалување на емисиите на јаглерод.

Дополнително, изолацијата на зградите од ROCKWOOL продадена во 2019 година ќе заштеди во текот на својот животен век 100 пати повеќе јаглерод отколку што се испушта за време на неговото производство.

RockWorld imagery, Modern living, mother, child, family, indoor

Референца

Проект

Извонредната и иновативна Заха Хадид дизајнираше зградата на пристанишна управа во Антверпен, Белгија. Овој самоодржлив деловен објект е изграден како седиште на второто по големина европско пристаниште.

Предизвик

Со цел да се обезбедат највисоки можни безбедносни стандарди, за зградата беше потребна ефикасна заштита од пожар, а со тоа и заштита од бучава од техничките инсталации на нејзиниот комплексен рамен покрив.

Решение

Производите од камена волна ROCKWOOL беа избрани и вградени поради нивните ефективни звучни својства, додека изолационите плочи на покривот ROCKWOOL што се користени во зградата ја исполнија највисоката оцена од класата А1.

Нашата служба за техничка поддршка овозможи изведба на волната во падот и прилагодување на изолацијата на необичниот покрив во облик на брод, олеснувајќи ја брзата инсталација и овозможувајќи правилен агол за одвод на дождовницата од површината на покривот.

Havenhuis/ Port House - Acoustic Capabilities

Пополнете го формуларот и ќе ве контактираме наскоро!